Утрински Весник
Свет

(Видео) Секој што не носи маска на Бали полицијата го тера да прави склекови среде улица

(Видео) Секој што не носи маска на Бали полицијата го тера да прави склекови среде улица

Полицијата на Бали ги казнува лицата што не носат заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот така што ги принудува да прават склекови среде улица.

Локалните службеници за безбедност, познати како „пекаланг“, неодамна казнуваа со склекови во традиционалното село Интаран во Санур, источно од градот Денпасар, јавува „Дејли мејл“.

На фотографијата објавена од „Денпасар нау“ се гледа како човек прави склекови среде улица, а полицајците со службено возило се околу него.

Медиумите пренесуваат дека склековите се направени на таков начин што имаат ефект на одвраќање на оние што се обидуваат без маска да влезат во традиционалното село Санур.

Во друго видео се гледа човек со мотоцикл кого го запреле полициските службеници, а потоа го принудиле да направи 10 склека на улица, пренесува „Бали хебат њуз“.

По казната, полицајците биле снимени како разговараат со него и му даваат маска пред да го пуштат.

И покрај тоа што бил запрен, човекот се смее, очигледно необичниот начин на казнување го натерал да се смее.

На овој начин полицијата ја подига свеста за новиот закон, кој стапи во сила на 1 мај.

Според него, оние што ќе влезат во селото без маски, ќе бидат казнети со пет килограми ориз (68 австралиски центи) и ќе работат во заедницата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме