Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Mаксим Димитриевски e кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) СДСМ: Mаксим Димитриевски e кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ

Во недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат, тоа е Оливер Илиевски, истакна на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник и претседател на кумановскиот огранок на СДСМ.

„Максим Димитриевски кој лажно се претставува како социјадемократ е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово.

И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка, дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски.

За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди“, истакна претставникот на СДСМ.

Како што кажа Костовски, низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината, во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи.

„Сите знаеме дека Куманово секогаш било на вистинската страна, дека секогаш пркосело на режимите и неправдите и така ќе биде и овој пат“, нагласи Костовски додавајќи дека глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово