Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ бара итна седница на Советот на Град Скопје за помош за настраданите во Бугарија

(Видео) СДСМ бара итна седница на Советот на Град Скопје за помош за настраданите во Бугарија

Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот, информира Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ.

„На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија“ посочи Јанчева.

Таа го поздрави предлогот на градските власти да се обезбедат два милиона денари за помош на семејствата на настраданите, но порача и дека треба да се разгледа можноста тој износ дополнително да се зголеми.

„Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива. Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош. Во несреќата во Бугарија загинаа 45 лица, огромен дел од нив се скопјани и скопјанки“, посочи координаторката на советничката група на СДСМ барајќи седницата да се одржи што поскоро, за помошта до погодените да стигне што побрзо.

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога