Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски напади врз Харков и Миколаив

Украинските служби известија дека руските сили утринава извршиле нов ракетен напад во областа Харков.

dobivaj vesti na viber

„Во нападот се уништени производствениот капацитет и магацинот. Покривот, третиот и четвртиот кат се делумно уништени. Во зградата избувнал пожар, кој го изгаснале 50 пожарникари со девет возила”, соопшти украинската служба за итни случаи.

Украина објави и дека Миколаив, град на југот на земјата, го претрпел „веројатно најтешкиот напад од почетокот на војната“ во текот на ноќта.

Властите соопштија дека е убиено едно лице. Оштетени се хотел, спортски комплекс, две училишта и бензинска пумпа, како и голем број станбени објекти.

Миколаев е стратешки важен град бидејќи е на пат кон Одеса, главното пристаниште на Украина.

Можете да прочитате

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран

Уапсен турски новинар за ,,ширење на лажни информации”