Утрински Весник
Свет

(Видео) Рускиот министер за одбрана првпат од почетокот на војната ги посети војниците во Украина

Dik 300x250 mk

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за првпат од почетокот на војната ги посети руските војници во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека Шојгу извршил инпекција на командните пунктови и ги прифатил извештаите за актуелната ситуација и акциите на руските вооружени сили во главните оперативни области, се вели во соопштението на Министерството.

Се уште не е јасно каде точно била инспекцијата на министерот Шојгу.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа