Утрински Весник
Свет

(Видео) Руската полиција апси демонстранти низ целата земја

(Видео) Руската полиција апси демонстранти низ целата земја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешните протести во Русија, организирани од приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кои инаку се забранети од официјалните власти, во Владивосток, на крајниот исток на Русија, силите на редот привеле околу 100 лица.

Во Екатеринбург во регионот Свердловск, околу 2.300 луѓе се собрале на протестите, објави регионалното Министерство за внатрешни работи, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Полицијата во Москва уапсила човек кој преку социјалните мрежи јавно ги повикувал граѓаните да излезат на протести и да се судрат со припадниците на безбедносните сили, додека во сибирските градови Краснојарск, Барнаул и Новосибирск беа приведени десетици демонстранти.

Полициската акција ги принудила организаторите на протестите да ги насочат демонстрантите на други локации.

Руската полиција досега привела 1.009 лица на протестите низ целата земја, соопшти мониторинг групата ОВД-Инфо.

Властите пред почетокот на собирите објавија дека протестите не се одобрени и дека ќе ги задушат.

Приврзаниците на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални сепак и покрај предупредувањата и акциите против неговите сојузници, излегоа на улиците, втор викенд по ред.

Навални беше уапсен на 17 јануари додека се враќаше во Русија од Германија каде се опоравуваше од труење со нервниот агенс новичок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони