Утрински Весник
Свет

(Видео) Русија ќе почне да го користи новиот противракетен систем С-500

(Видео) Русија ќе почне да го користи новиот противракетен систем С-500

Русија го заврши тестирањето на новиот противракетен систем С-500 и почна да го испраќа до вооружените сили, изјави вицепремиерот Јуриј Борисов, а пренесе агенцијата РИА.

https://www.youtube.com/watch?v=xFeFmGk9PP8

С-500 се опишува како вселенски одбранбен систем кој може да пресретне интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки ракети и авиони.

Русија започна да го тестира минатата година и војската соопшти дека прво ќе биде распореден околу Москва.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2019 година рече дека Анкара заедно со Москва ќе го произведува системот С-500.

Можете да прочитате

Американски разузнавачки служби: Иран веројатно нема да се откаже од контролата врз Ормуската Теснина

Американската војска е вклучена во потрагата по исчезнатиот пилот на соборениот авион над Иран

Историски чекор кон Месечината: Астронаутите на половина пат до Месечината