Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите убија 10 цивили кои стоеја во ред за леб, тврдат украински медиуми

(Видео) Русите убија 10 цивили кои стоеја во ред за леб, тврдат украински медиуми
Dik 300x250 mk

Украинските медиуми наведуваат дека утрово околу 10 часот по локално време во градот Чернигов биле убиени 10 цивили кои стоеле во ред за леб.

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов, убивајќи најмалку десетмина од нив“, пишува „Суспилне“.

„Руските трупи во еден кварт гаѓале луѓе кои стоеле во ред за леб. Ова од местото на настанот го пренесе нашата дописничка наведувајќи дека гранатирањето се случило на 16 март околу 10 часот. Притоа, најмалку десет цивили ги загубија животите“, се додава во веста.

„Суспилне“ на „Твитер“ објави видео од местото на настанот, но неговата автентичност се уште не е официјално потврдена. Амбасадата на САД во Киев, исто така, соопшти дека руските сили убиле 10 луѓе кои стоеле во ред за леб во Чернигов.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија