Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите им судат на Британците заробени во Мариупол, објавија снимка

 

Проруските сепаратисти во источна Украина објавија дека започнало судењето на двајцата британски доброволци, Ејден Аслин и Шон Пинер, кои беа заробени додека се бореа со украинските бранители во Мариупол.

Двајца Британци, кои служеле во украинската армија и Ибрахим Саадун, волонтер од Мароко, може да се видат на видеото кое денеска беше раширено на проруските канали на социјалните мрежи. На видеото се гледа како тие седат зад решетки во судницата.

Обвинителите од самопрогласената проруска Народна Република Доњецк, контролирана од Русија, велат дека на двајцата Британци им се заканува смртна казна за „тероризам“, односно како платеници се бореле во Украина. Аслин и неговите обвинети колеги рекоа дека тие се редовни војници кои се борат во украинската армија и треба да бидат третирани како воени заробеници.

Руските власти се заканија дека ќе одржат воени трибунали наречени Нирнберг 2.0. Судењата треба да бидат слични на оние за воени злосторства во Киев против руски војници.

Набљудувачите велат дека судењата би можеле да бидат дизајнирани и спроведени за да се изврши максимален притисок врз Западот и да се поттикне размената на затвореници за руските војници заробени и осудени во Украина.

Украина осуди тројца руски војници на затворски казни за воени злосторства.

Рускиот војник Вадим Шишимарин (21) е осуден на доживотен затвор за убиство на 62-годишен цивил во североисточниот украински регион на почетокот на војната. Војниците Александар Бобикин и Александар Иванов добија над 11 години затвор за гранатирање на населени центри бидејќи ги прекршиле законите.

Обвинителите соопштија дека Британците се обвинети за четири одделни дела: извршување на кривично дело како дел од криминална група, насилно преземање на власта или насилно задржување на власта, платеници и промовирање обука за терористички активности. Аслин и Пинер беа во украинските маринци и учествуваа во одбраната на железничката пруга и челичарницата Азовстал во Мариупол.

Можете да прочитате

Овој европски град е прогласен за град на годината

(Видео) Ураганот Милтон беснее низ САД

,,Горење“ ја затвора фабриката, еве што ќе се случи со работниците