На големиот паркинг на средно Водно, преку официјално претставување на својот возен парк на свечен настан со присуство на претставници на град Скопје, претставници на медиумите, компании соработници, гости и граѓани на Скопје, Cammeo го промовираше своето започнување со работа.
Со обраќање на извршниот директор на Cammeo Grupa Македонија, Стефан Николиќ, кој верува дека Cammeo ќе донесе нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје, денес се отвори едно ново поглавје од приказната на Cammeo Групацијата во Скопје.
Николиќ ги повикува сите граѓани на Скопје и нивните гости, да нарачаат услуга преку бројот 15 777 или Cammeo Апликација, а Cammeo тимот ќе направи се да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. Притоа, порача дека со огромна чест и задоволство започнуваат со работа и со нетрпение очекуваат да се запознаат со граѓаните на Скопје, при што од денес Cammeo го вози цело Скопје 3 дена гратис, а понатаму ќе има многу изненадувања и поволности за патниците на Cammeo.
Cammeo Taxi доаѓа со флота од нови возила со метан како погонско гориво, кое што е еколошки најприфатливо гориво со најмала емисија на загадување и како такво се смета за „зелено гориво“, со што, Cammeo е првото еколошко – „зелено такси“ на улиците на Скопје.
Cammeo се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твој правец‘‘, при што нуди такси превоз 24 часа дневно, 7 дена во неделата.
Од компанијата велат дека вработуваат возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања. Гарантираат дека инвестираат во нивната едукација и лиценцираност, при што преку сопствената Cammeo Академија креираат професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците.
Во услови на Covid 19 вирусната пандемија, сите Cammeo возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на патници и возачи е највисок.
Cammeo Групацијата работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, брои речиси 1500 вработени и 1000 автомобили со кои што годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и тоа со поминати приближно 50 милиони километри. Во последните 14 години е дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Чешка и Србија, при што се води од мислата дека такси превозот мора да стане достапен како вода и прифатлив за сите – од студенти до пензионери.
Од денес Cammeo e и дел од секојдневието на граѓаните на Скопје што за целата Cammeo Групација претставува посебна чест и задоволство имајќи го предвид македонското потекло на сопственикот и директор на групацијата, Владимир Миновски кој што е роден во Македонија.
Cammeо нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT софтвер и познатата Taxi Navigator платформа која ја користат повеќе од 13 000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.
Cammeo е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за своите клиенти.
Cammeo покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови.