Утрински Весник
Свет

(Видео) Рација на американската полиција во зона која демонстрантите ја прогласија за автономна

(Видео) Рација на американската полиција во зона која демонстрантите ја прогласија за автономна

 

По скоро еден месец, полицијата во Сиетл изврши рација во т.н. Автономна зона Капитол Хил, попозната и како ЧАЗ (CHAZ), во истоимениот кварт.

Големи полициски сили со велосипеди, оклопни возила и пеш влегоа во областа окупирана од демонстрантите против расизам, откако полицијата се повлече од локалниот пункт на 8 јуни.

Со интервенцијата на полициските сили, влегоа и булдожери, отстранувајќи ги барикадите поставени од демонстрантите на влезовите во зоната.

https://www.youtube.com/watch?v=XMQP3sH2CFw

Дел од демонстрантите се обидоа да ја запрат полицијата и да ја одбранат својата анархистичка енклава, но без успех. Најмалку 13 демонстранти беа уапсени. Наредбата да се расчисти ЧАЗ од демонстрантите што го окупираат ја издаде градоначалничката Џени Дуркан.

Началничката на полицијата Кармен Бест изјави дека нејзините луѓе влегле во ЧАЗ по недели насилство во и околу окупираните зони.

„Тоа стана место на беззаконие и бруталност. Во оваа област, во неколку станбени блокови се случија четири престрелки, две смртоносни, грабежи, напади, насилство и безброј злосторства против имотот“, рече Бест.

https://www.youtube.com/watch?v=vLXEpIzGgDU

Текстот (Видео) Рација на американската полиција во зона која демонстрантите ја прогласија за автономна е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата