Утрински Весник
Свет

(Видео) Рама до Радев: Отворете го патот, немојте да сте толку европејци

(Видео) Рама до Радев: Отворете го патот, немојте да сте толку европејци
Dik 300x250 mk

Албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев и му порача да не бидат толку европејци, туку да бидат малку балканци и да го отворат патот за преговори.

„ Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму?

Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, а вие можете да бидете цело време на патот и да кажувате – блокираме овде, блокираме таму. Но, отворете го патот“, му рече Рама на Радев.

Можете да прочитате

Новите санкции ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно вели Зеленски

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања