Утрински Весник
Свет

(Видео) Разнесен автобус со затворски чувари во Турција – се разгледува можноста за терористички напад

(Видео) Разнесен автобус со затворски чувари во Турција – се разгледува можноста за терористички напад

Најмалку едно лице загина денеска, а четворица се повредени при експлозија на автобус со затворски чувари во северозападната турска провинција Бурса.

Според соопштението од управата на затворот, се разгледува можноста за терористички напад.

Експлозијата се случила околу 07.30 часот, додека автобусот ги превезувал чуварите на работа низ станбена зона во централниот кварт Османгази во Бурса.

Во моментот на експлозијата автобусот се наоѓал во близина на станицата на метрото.

Се верува дека експлозивната направа била оставена покрај патот и активирана од далечина.

Возачот успеал да го запре автобусот на околу 100 метри од местото на експлозијата.

Регионалниот гувернер Јакуп Јанболат во изјава изјави дека најверојатно се работи за рачно изработен експлозив.

Истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро