Утрински Весник
Магазин

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По земјотресот во Хрватска беше снимен необичен феномен при кој земјата распука и почвата стана течна.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.

Покрај Петриња, кој е во урнатини и Сисак беше оштетен од потресите во низа.

Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.

На снимката може да се забележат исплашени локални жители, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.

Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.

Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.

Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ја губи својата издржливост и капацитет на носивост.

Во 1964 година по земјотресите во Јапонија и Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија

Свадба во 2026? Ова се најдобрите датуми