Утрински Весник
Свет

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката партија на власт, покажувајќи нови балистички ракети, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

https://www.youtube.com/watch?v=cagpKjjxIGA

На настанот присуствуваше севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, кој беше назначен за генерален секретар на партијата на конгресот и најави дека ќе го зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, пренесува „Франс Прес“.

„Величенствените елитни трупи и непобедливото воено воздухопловство на Републиката, кои гордо ќе маршираат низ плоштадот Ким Ил-сунг, се слика на нашата апсолутна моќ“, рече министерот за одбрана Ким Јонг-гван пред парадата, пренесува КЦНА.

Во октомври лани беше последната воена парада во Северна Кореја со која се одбележа 75-годишнината од основањето на Работничката партија, на која имаше разновидно оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети, а Ким одржа говор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени