Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин на воената парада: Америка и нејзините послушници ни се закануваат, а ние ја браниме нашата држава

Dik 300x250 mk

Русија денеска ја слави 77-годишнината од победата над Хитлерова Германија, а на почетокот на парадата се обрати рускиот претседател Владимир Путин.

Обраќајќи им се на војниците, Путин истакна дека тие се борат „за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на нашата татковина“.

Путин рече дека Западот отворено подготвува напад врз Донбас и Крим на крајот на минатата година и дека во Киев има повици за нуклеарно оружје што создава „неприфатлива закана на нашата граница“.

Тој ги обвини САД и „нивните следбеници“ дека се закануваат, а „опасноста растела секој ден“.

„ Земјите од НАТО не сакаа да не слушнат, имаа други планови. Тие подготвуваа напад на Крим, изјави рускиот лидер. Русија пружи превентивен отпор на агресијата – тоа беше единствената правилна одлука – рече Путин, коментирајќи ја инвазијата на Украина.

На Црвениот плоштад во Москва се одржува воена поворка во која учествуваат околу 11.000 војници. На парадата се изложени тенкови и друга воена опрема.

https://www.youtube.com/watch?v=_MWCoMA-2pQ

Осум борбени авиони на небото ќе ја формираат буквата „З“, што е официјален симбол на руската воена операција во Украина.

За разлика од минатите години, на настанот нема да присуствува ниту еден странски претседател.

Се шпекулираше дека Путин денеска би можел да нареди општа или делумна мобилизација на војниците, но Кремљ претходно го отфрли, нарекувајќи го глупост.

Можете да прочитате

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген