Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Путин во живо на телевизија го потпиша признавањето на сепаратистите

(Видео) Путин во живо на телевизија го потпиша признавањето на сепаратистите
Img 7972

На крајот од своето телевизиско обраќање во живо, кое траеше повеќе од 40 минути, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони во источна Украина како независни држави, додавајќи дека тоа требало да се направи порано.

Путин пред камерите потпиша одлука за признавање на Донецк и Луганск како независни држави.

https://www.youtube.com/watch?v=XTHUok0iQ-M

„Сигурен сум дека ќе ја имам поддршката од рускиот народ за оваа одлука. Ви благодарам“, заклучи Путин.

Денис Пушилин и Леонид Пашечник, лидерите на бунтовничките републики, денеска јавно апелираа до Путин да ги признае.

Украина и Западот стравуваат дека признавањето на двете републики може да доведе до испраќање руски војници во источна Украина.

Во своето обраќање, рускиот претседател, меѓудругото, зборуваше и за САД и НАТО. Едно од главните барања на Русија е НАТО да се обврзе дека Украина никогаш нема да стане членка на таа алијанса.

„НАТО и САД ја претворија Украина во воена зона“, рече Путин.

„Приклучувањето на Украина во НАТО би било директна закана за безбедноста на Русија. Во последните месеци во Украина беа испратени големи количини западно оружје. Доколку Украина добие пристап до оружје за масовно уништување, глобалната ситуација драстично ќе се промени и тоа не може да се игнорира“, рече Путин додавајќи дека Украина има планови за нуклеарно вооружување.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната