Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во Филаделфија: Повредени шестмина, меѓу кои и бремена жена

(Видео) Пукање во Филаделфија: Повредени шестмина, меѓу кои и бремена жена
Dik 300x250 mk

Во пукање на Филаделфија, ранети се три жени на возраст од 18, 24 и 59 години, од кои едната била бремена и тројца тинејџери на возраст од 17 и 18 години.

Сите повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Од почетокот на оваа година во Филаделфија од огнено оружје ранети се најмалку 98 малолетници, па градската управа основала група за спречување на насилство со задача да се застане на патот на постојаните вооружении судири меѓу малолетници, кои станале жален заштитен знак на овој град.

„ Градот е девастиран од насилството и користењето на огнено оружје. Нашата заедница нема да дозволи такви изливи на беззаконие и одлучен сум да ја применат правдата за поединци кои сакаат да нанесат штета на Филаделфија“ изјави шефот на полицијата, Даниел Аутло.

Полицијата не ги уапсила синоќешните напаѓачи ниту го запленила оружјето од кое било пукано.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија