Белградската полиција трага по двајца разбојници кои рано утрово се обиделе да изнудат пари од едно лице во Нов Белград, соопшти за „Танјуг“ српското Министерство за внатрешни работи.
Како што информирале од таму, утрово околу 7.15 часот во улица во блокот А во Нов Белград, две лица побарале пари од човек, а при злочинот едниот од разбојниците испукал куршум од пиштол.
Во моментов полицијата трага по двајцата насилници.
View this post on Instagram
Порталот „Објектив“ наведува дека тие се обиделе да изнудат пари во вработен во кафуле.
Од друга страна, како што изјавил очевидец за Нова.рс, еден од напаѓачите пукал кон доставувач.
„Разнесуваа кроасани, а возачот беше во блокот А во Нов Белград кога беше нападнат од двајца маскирани и облечени во црно. Возачот се оддалечи од нив и зеде столици и пепелници од градината на кафулето и ги гаѓаше со нив како вистински херој“, рекол очевидецот за Нова.рс додавајќи:
„Кога го видоа како се брани, едниот извади пиштол и пукаше“.
После тоа, напаѓачите избегале од местото на настанот.