Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во Москва – две лица загинаа, а тројца се повредени

(Видео) Пукање во Москва – две лица загинаа, а тројца се повредени

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога маж отвори оган врз државна институција за издавање документи.

Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека напаѓачот е фатен.

„Сочувство до семејствата на жртвите. Лекарите прават се’ што можат за да им помогнат на ранетите“, рече тој.

Локалниот весник РБК јавува дека напаѓачот е 45-годишен жител на Москва.

Агенцијата ТАСС наведува дека пукањето се случило по расправија околу носење на заштитна маска.

„Посетителот го извадил оружјето и почнал да пука. Во тој момент никој од вработените немал време да го притисне копчето за аларм“, објави агенцијата, повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Полицијата соопшти дека загинале еден вработен и еден клиент, а меѓу ранетите има и 10-годишно девојче.

Напаѓачот е приведен во полиција.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка