Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Протест на полицајците во Романија, се врзуваа со синџири и користеа димни бомби

(Видео) Протест на полицајците во Романија, се врзуваа со синџири и користеа димни бомби
Dik 300x250 mk

Стотици полицајци протестираа во четвртокот во Букурешт поради намалувањето на платите и лошите услови за работа. Демонстрантите се собрале пред зградата на Министерството за внатрешни работи, каде што свиреле со труби и пишталки и запалиле димни бомби во боите на романското знаме, додека некои се врзувале со синџири.

Незадоволството на полициските службеници е предизвикано поради двегодишното замрзнување на платите, намалувањето на пензиите и неприфатливите услови за работа.

Претседателот на полицискиот синдикат на Европол, Космин Андреика, за АП изјави дека во околу 3.000 полициски станици има тоалет надвор од зградата, во дворот, и дека немаат проточна вода.

Намалувањето на платите е дел од пошироките кратења на буџетот што ги спроведува коалициската влада предводена од премиерот Флорин Китсу од Националната либерална партија.

Демонстрациите, организирани од два одделни полициски синдикати, се одржаа на Денот на романската полиција, која годинава одбележува 199 години од постоењето.

Романскиот министер за внатрешни работи не одговори на барањата за коментар за тврдењата на полицискиот синдикат.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор