Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По дводневно насилство, третиот ден на протести помина во голема мера мирно.
Српскиот премиер најави нови мерки за Белград, кои вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 10 лица во затворено и на отворено, но овие мерки сè уште не се ставени во сила, па затоа не важеа за синоќешните нови протести.
Меѓу демонстрантите имаше иницијатива, кога ќе започне протестот, граѓаните да седнат за да се направи разлика помеѓу обичните демонстранти и хулиганите. Вучиќ, пак, од авионот со кој леташе за Брисел ги спореди демонстрантите со нацистите и им рече на граѓаните да не се судираат со насилниците затоа што државата ќе го стори тоа.
Во најголем дел, планот на демонстрантите успеа. Значителен број демонстранти во Белград и голем број српски градови каде што се одржуваа протести, седеа во поголемиот дел од времето. Протестите беа мирни, а некои играа оро.
Ovo su huligani koji upravo pokusavaju fizicki da napadnu civilizovan narod kod skupstine. pic.twitter.com/w0ThFdVIwm
— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) July 9, 2020
Српските медиуми пренесуваат дека во еден миг протестот бил расипан од група хулигани кои предизвикале судир, но демонстрантите успеале да ги истераат насилниците од просторот пред српскиот парламент.
„Нова.рс“ јавува инцидент, за време на вчерашниот собир кога група го нападнала и му ја скршиле главата на нивниот известувач.