Утрински Весник
Магазин

(Видео) Принцот на Саудиска Арабија ја има најскапата куќа во светот

(Видео) Принцот на Саудиска Арабија ја има најскапата куќа во светот
Dik 300x250 mk

Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, кој го купи англискиот клуб „Њукасл“е сопственик на најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.

Станува збор за куќа која е купена за 270 милиони евра во 2015 година, пишува британски „Мирор“. Сепак, новиот дом го чинел принцот помалку од она што го издвои за купувањето на фудбалскиот клуб – 350 милиони евра.

Богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра.

Бин Салман го чуваше купувањето на овој имот во тајност.

Замокот бил завршен во 2011 година и бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век, додека целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Вклучува базени, винарски визби со повеќе од 3.000 шишиња, простории за медитација и релаксација, ноќен клуб, кино, сала за бал и терен.

Замокот е исто така полн со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“, која вреди дури 400 милиони евра и беше платена повеќе од англискиот клуб.

Исто така, замокот има десет луксузни спални соби, насликана купола, библиотека.

Покрај величествениот замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри и вредна 530 милиони евра.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство