Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра

(Видео) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра

Пресечен e меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, при што приведени се тројца државјани на Албанија.

Според информациите тие пренесувале марихуана во количина од 65 килограми од Албанија, низ Македонија, а наменета за Грција, како крајна дестинација.

„ Вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања“ соопшти МВР.

Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!