Утрински Весник
Свет

(Видео) Првомајски протести во светот – полицијата интервенираше во Турција и Франција

(Видео) Првомајски протести во светот – полицијата интервенираше во Турција и Франција

Меѓународниот ден на трудот во градовите ширум светот воглавно помина во знак на протест.

Годинава посебно се издвоија протестите во Истанбул и Париз, каде демонстрантите се судрија со полицијата.

Турската полиција приведе 212 демонстранти по избувнувањето на немири на првомајските маршови за време на полициски час, соопшти кабинетот на гувернерот во Истанбул.

Полицијата се судри со синдикалните лидери и другите демонстранти и фрли некои на земја пред да приведе десетици од нив во близина на истанбулскиот плоштад Таксим, пренесува Ројтерс.

Кабинетот на гувернерот соопшти дека на некои синдикати им било дозволено да го одбележат празникот, додека други, кои „нелегално се собрале“ кршејќи ги мерките за заклучување и игнорирајќи ги повиците да заминат, биле уапсени.

Државната агенција Анадолија објави дека 20 демонстранти се исто така приведени во Измир, на западот на земјата.

Турција оваа недела усвои 17-дневно делумно заклучување за да се спречи бранот на зараза со коронавирусот.

Франција: Судири со полицијата, фрлање камења и корпи за отпадоци, уапсени 17 лица

Илјадници луѓе се приклучија на традиционалните протести на 1-ви Мај низ цела Франција, и покрај анти-ковид ограничувањата. Побараа социјална и економска правда и изразија незадоволство за плановите на владата за промена на надоместоците за невработеност.

Околу 300 протести по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, беа организирани во Париз и во други градови, вклучувајќи ги Лион, Нант, Лил и Тулуз, јави Ројтерс.

Во главниот град на Франција, на синдикалците им се придружија и членовите на движењето „Жолти елеци“, кое започна бран антивладини протести пред три години, и работници од сектори кои беа силно погодени од ограничувањата како што е културата.

Повеќето од демонстрациите беа мирни, иако полицијата во Лион растера група од околу 200 лица кои фрлаа со пиротехнички средства.

17 лица беа уапсени во Париз, а 5.000 полицајци беа распоредени на улиците.

Неколку демонстранти со качулка се судрија со полицијата и фрлија камења и корпи за отпадоци.
Полицијата соопшти дека ги спречила анархистите на „Црниот блок“ да формираат група.

Лидерите на опозицијата присуствуваа на протестите.

Протести во Германија, Шпанија и Филипините

Демонстрантите се собраа и во Германија. Германската полиција интервенираше во Берлин за време на демонстрациите против владините мерки на Меѓународниот ден на работниците.

https://www.youtube.com/watch?v=tJnmqVQWQF4

Шпанскиот вицепремиер Кармен Калво маршираше во Мадрид со членови на Шпанската социјалистичка работничка партија.

Во филипинската престолнина Манила, каде едномесечното заклучување на коронавирусот беше продолжено за две недели, поради избувнувањето на заразата, интервенираше и полицијата, спречувајќи стотици работници да демонстрираат на јавниот плоштад, рече водачот на протестот, пренесува АП.

Демонстрантите накратко се собраа на фреквентниот булевар во Манила, барајќи финансиска помош за пандемијата, субвенции за плати и вакцини против ковид-19.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија