Утрински Весник
Магазин

(Видео) Првиот трејлер за „Тркалото на времето“ навестува епска фантазија

(Видео) Првиот трејлер за „Тркалото на времето“ навестува епска фантазија
Dik 300x250 mk

Компанијата „Амазон“ конечно објави целосен трејлер за својата долгогодишна адаптација „Тркало на времето“, базирана на величествената сага на Роберт Џордан.

Љубителите на книгите можат да здивнат, бидејќи се чини дека „Амазон“ не штедел пари за да ја оживее оваа приказна.

Приказната на „Тркалото на времето“ се одвива во огромен свет на фантазија каде само на одредени жени им е дозволено да пристапат до магијата и нејзините моќи. Серијата ја следи Моирејн (Роузмунд Пајк), членка на Aes Sedai, моќна женска организација.

Серијалот книги Тhe Wheel of Time (WoT) е епска сага за фантазија создадена од американскиот писател Xејмс Оливер Ригни, Џуниор. Всушност, авторот ја потпиша под псевдонимот Роберт Џордан и неговата првична проекција беше да произведе шест книги. До денес, насловот опфаќа 14 книги, од кои авторот Роберт Џордан напиша 11 пред да почине. Писателот Брендон Сандерсон потоа го презеде пишувањето на последнит три.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство