Утрински Весник
Македонија

(Видео) По 25 години државата набави нови возила за зимско одржување на патиштата

(Видео) По 25 години државата набави нови возила за зимско одржување на патиштата

По 25 години набавени се нови, 15 комплетно опремени камиони и 3 машини за утоварање на ризла и сол за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Преку капитална блок дотација од Владата до Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта доделивме средства за набавка на нова механизација во висина од 180 милиони денари“, посочи тој.

Набавени се 15 нови комплетно опремени камиони со снежен плуг и соларка, како и 3 нови утоварни машини.

„Со тоа, значително го зголемивме капацитетот на Јавното претпријатие за зимско одржување на патиштата“, изјави Бочварски.

Тој исто така ги повика и локалните самоуправи да се подготват и да се вклучат со сопствени капацитети за зимско одржување на локалните патишта.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта, Беким Мемеди, соопшти дека набавени се и 11 илјади тони индустриска сол и 8 илјади кубици ризла за тековното зимско одржување на патиштата.

Можете да прочитате

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата

ДУИ си игра пинг-понг со животите на граѓаните, велат од ВРЕДИ

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра