Утрински Весник
Свет

(Видео) По шлаканицата, Макрон го гаѓаа со јајце

(Видео) По шлаканицата, Макрон го гаѓаа со јајце
Dik 300x250 mk

Францускиот претседател Емануел Макрон е погоден со јајце за време на посетата на Меѓународниот саем за хотели во градот Лион.

Kaко што може да се види на видеото, кон него е фрлено јајце додека придружуван од обезбедувањето врши обиколка на саемот.

Лицето кое го фрлило јајцето кон Макрон извикало „Да живее револуцијата“, а потоа било приведено, пишуваат француските медиуми, а дел од нив наведуваат дека јајцето било тврдо варено.

„Ако има нешто да ми каже нека дојде, коментираше шефот на државата, барајќи да го донесат кај него.

На макрон 8 јуни му беше удрена шлаканица од страна на еден човек. Два дена по инцидентот, лицето беше осудено на четири месеци затвор. Тој беше ослободен од затвор на 21 септември.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно