Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) По пеколните жештини, во Канада беснеат пожари

(Видео) По пеколните жештини, во Канада беснеат пожари
Img 7972

На западот од Канада, избувнаа пожари среде бранот од рекордни горештини, принудувајќи ги властите да наложат евакуација на жителите на Литон, мало гратче во провинцијата Британска Колумбија, каде што во текот на неделава три дена по ред беше уриван канадскиот рекорд за највисока температура.

Градоначалникот на Литон, Јан Полдерман, издаде наредба за евакуација и на „Твитер“ предупреди дека пожарот ја загрозува безбедноста на жителите и објектите во ова гратче со 250 жители, на 153 километри североисточно од Ванкувер, пренесува агенцијата АП.

На сите жители на Литон им се препорачува да ги напуштат своите домови и да одат на безбедно место.

„Само 15 минути откако чадот одеднаш се појави, имаше пожар насекаде“, рече Полдерман, а подоцна во интервју за мрежата Си-би-ес тој повтори дека ситуацијата е тешка.

Патиштата што водат северно и јужно од Литон се затворени, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија