Утрински Весник
Свет

(Видео ) Почина деветгодишното момче во бунарот во Авганистан, загина кога спасувачите дојдоа до него

(Видео ) Почина деветгодишното момче во бунарот во Авганистан, загина кога спасувачите дојдоа до него

Деветгодишно момче кое три дена било заглавено во бунар во Авганистан, починало кога спасувачите стигнале до него.

Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, додека вкупната длабочина на бунарот е 25 метри.

Талибанскиот советник на министерот за внатрешни работи Анас Хакани изјави дека Хајдар починал. „Со голема тага морам да соопштам дека младиот Хајдар е засекогаш одделен од нас“, рече Хакани.

Портпаролот на полицијата за францускиот печат изјави дека момчето починало кога спасувачите стигнале до него.

„Во првите минути по завршувањето на спасувачката акција, момчето дишеше и лекарскиот тим го стави на кислород. Кога се обиделе да го префрлат во хеликоптер, тој починал. Во селото Шокак, во провинцијата Забул во Авганистан, спасувачите три дена се обидувале да го извлечат деветгодишниот Хајдар кој паднал во бунар.

На социјалните мрежи претходно кружеше видео од момчето кое изгледа како да може да ги движи рацете и горниот дел од телото. На момчето му доставиле храна и вода, а тој наводно успеал да јаде.

Веста за момчето од Авганистан ги потсети сите на трагедијата во Мароко, кога петгодишниот Рајан на почетокот на месецот падна во бунар длабок 32 метри. И покрај херојските напори на спасувачите кои со денови копаа за да стигнат до него, момчето, за жал, не преживеа.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје