Утрински Весник
Магазин

(Видео) Поставена новогодишната елка во Галери Лафает во Париз

(Видео) Поставена новогодишната елка во Галери Лафает во Париз

Иако Франција е во делумен карантин, па сите неесенцијални продавници се затворени – Галери Лафает и оваа година ја претстави својата елка со придружните празнични украси. Дури пропишаните ограничувања ги инспирирале за украсувањето.

Божикната елка годинава е украсена со десетици различни подароци донесени во Париз од девојчето Селест и со трепкачки лампиони што светат на секои половина час.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Galeries Lafayette (@galerieslafayette)

Бидејќи патувањето во моментов не е можно, ниту е препорачливо, белгискиот уметник Том Шамп ги однел сите заинтересирани на виртуелно патување со девојчето Селест. Тој украсил 11 излози на стоковни куќи со мотиви од нејзините авантури и прикажал сè, од северните села со поларни мечки, преку пустините до дождовните шуми со загрозени снежни леопарди.

Сопствениците се надеваат дека стоковната куќа ќе се отвори наскоро. Дотогаш, празничните украси може да се уживаат преку социјалните мрежи или  ѕиркајќи од улица во накитените излози.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста