Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Португалски војници испратени во мировни мисии шверцувале дрога и дијаманти

(Видео) Португалски војници испратени во мировни мисии шверцувале дрога и дијаманти
300x250 opst2

Португалската полиција ги истражува наводите дека војниците на таа земја користеле воени авиони за шверц во мировните сили на ОН во Централноафриканската Република.

Војниците шверцувале дијаманти, дрога и злато во Европа.

„Гардијан“ наведува дека биле издадени 100 налози за претрес, а биле извршени десетици рации низ Португалија.

Акцијата во која учествуваа 320 службеници на португалската правосудна полиција, следела речиси две години откако командирот бил информиран за наводната шверцерска мрежа. Војската, исто така, ги засили проверките и инспекциите на воените летови од Централноафриканската Република.

„ Она што сега го разгледуваме е можноста некои војници кои учествуваат во мисијата во ЦАР да се користат како курири во трговијата со дијаманти, злато и дрога“, се вели во соопштението на португалската армија.

Правосудната полиција издаде 10 налози за апсење при рација на имоти во Лисабон, Фуншал, Браганка, Порто де Мос, Ентронкамент, Сетубал, Беја и Фаро.

Под истрага е криминална мрежа со меѓународни врски, која работела на стекнување незаконски профит со шверц на дијаманти и злато, шверц на лекови, фалсификување и пренесување фалсификувани пари“, се вели во соопштението.

Полицијата ги истражува и наводите за компјутерска измама и перење пари. Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва рече дека, иако наводните злосторства никогаш не требало да бидат извршени, Португалија продолжува да дава важен и признат придонес за меѓународната безбедност. Сантос Силва, кој беше и министер за одбрана, рече дека истрагата не треба да ја наруши меѓународната позиција на португалската армија.

Вкупно 180 португалски војници беа распоредени во ЦАР како мировници.

Централноафриканската Република е богата со злато, дијаманти и други минерали, но е оптоварена со сиромаштија, конфликти и насилство.

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха