Утрински Весник
Македонија

(Видео) Порака до ЕУ: Мислат дека имаат суверено право на светот, ние колку сме толку сме, токму сме

Dik 300x250 mk

Со порака до Европската Унија дека нема суверено право да наметнува ултиматуми за прифаќање на нешто што ќе значи промена на идентитетот, почна протестот пред Собранието против францускиот предлог кој за еден час ќе го разгледуваат пратениците.

dobivaj vesti na viber

„ Си ја сакам земјата и дојдов да испратам неколку пораки. Првата е народна поговорка која вели ‘немој да одиш пред мене зашто не можам да те стигнам, оди покрај мене за да ми бидеш пријател’. Ќе ве замолам да бидете до мене оти ако ја нема Македонија ќе не нема и нас. Ние граѓаните имаме добар соживот и ги почитуваме соседите, но не се гради добрососедство со сила и ултиматуми. И порака за кодошите во Собранието – не ве жалам вас, ги жалам вашите деца кои ќе бидат обележани. Порака и до Европејциве кои мислат дека имаат суверено право на светот. Ние колку сме толку сме, токму сме“, порача граѓанин кој го одржа воведниот говор на протестот.

Пред Собранието се скандира „никогаш северна, само Македонија“, ечат свирчиња и труби и се веат знамиња. Од сите страни се собираат демонстранти и нивниот број пред Собранието постојано се зголемува.

Орце Костов

Можете да прочитате

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила