Утрински Весник
Свет

(Видео) Поради карантин, маж во Сиднеј претепал полицајка

(Видео) Поради карантин, маж во Сиднеј претепал полицајка

Маж од Австралија е обвинет за напад на полиција во западен Сиднеј.

Напаѓачот прво нападнал полицајка а потоа избегал од местото на настанот и следел случаен минувач, пренесуваат медиумите во таа земја.

49-годишниот маж беше уапсен и обвинет за неколку прекршоци, вклучувајќи и кршење на антиковид мерки и напад на полицијата, соопштија службите.

Полицијата соопшти дека две полицајки кои патролирале на улица му рекле да се тргне од улицата бидејќи во сила е забраната за движење поради коронавирусот.

Тогаш човекот станал агресивен и ги нападнал. Двете полицајки морале да одат во болница на лекување.
Мажот потоа го нападнал и нивниот колега кој исто како и неговите колешки подоцна завршил во болница.

Во Сиднеј, во сила се засилени мерки против коронавирусот, кои не дозволуваат излегување од дома, освен од оправдани причини – како одење на работа, училиште, лекар или продавница.

Градот е во строг карантин веќе 12 недели додека трпението на граѓаните опасно ослабе, анализираат медиумите.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика