Утрински Весник
Свет

(Видео) Поплави во Турција по обилните врнежи и дождови

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обилните дождови предизвикаа поплави во северната турска провинција Кастамону, а најтешка беше ситуацијата во окрузите Инебол и Бозкурт, пренесуваат агенциите.

Синоќешните врнежи предизвикале излевање од коритото на реката Инебол, што предизвикало штета на инфраструктурата, а поплавен бил и локалниот пазар каде се урнал пешачкиот мост, јавува агенцијата Анадолија.

Поплавени биле и бројни објекти, а надлежните служби ги повикале граѓаните да не се приближуваат до реката и да не ги отвораат дуќаните.

Поради оштетување на инфраструктурната мрежа, поширокото подрачје на Инеболу остана без струја, јавува агенцијата.

Слична била ситуацијата и во областа Бозкурт.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјавил дека засега нема загинати или исчезнати, пренесува Асошиејтед прес.

Турската служба за вонредни ситуации објави дека повеќе од 2.500 припадници на службата се испратени во шесте провинции погодени од поплавите.

Во погодените подрачја е прогласен црвен метеоаларм.

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур