Полската полиција соопшти дека полицаецот, кој за време на протестот во Варшава испрскал бибер спреј в лице на членка на парламентот, веројатно тоа го сторил затоа што нејзиниот обид да се легитимира го доживеал како закана.
Полицаецот ја испрскал левата централно-левичарска пратеничка Барбара Новачка в лице додека таа му ја давала пратеничката легитимација.
Инцидентот се случил за време на протестот во саботата во главниот град на Варшава против ограничувачката судска пресуда за абортус, пренесува АП.
Портпаролот на полицијата во Варшава, Силвестер Марцак на почетокот признал дека употребата на бибер спреј против пратеничката изгледала шокантно.
Меѓутоа подоцна полицијата објави видеа од инцидентот на „Твитер“. Тие рекоа дека Новачка ги игнорирала повиците да се оддалечи од полицијата и сугерирале дека нејзиниот гест, додека ја давала легитимацијата на полицијата, може да изгледал заканувачки.
Pulitzer Prize winner Czarek Sokolowski made this image yesterday of MP Barbara Nowacka being pepper sprayed in the face at close distance during a pro-choice protest. #poland #polen #WomensRights #politics https://t.co/fg4JFjXyNj
— J?️?️P (@Ourmanintheeast) November 29, 2020
„Лице кое и покрај повиците да се оддалечи од полициска формација, намерно продолжува да се приближува и одеднаш ја подава раката со предмет пред лицето на полицаец, може да се сфати како закана“, соопшти полицијата на Твитер.
Новачка беше еден од неколкуте пратеници кои присуствуваа на протестот за да ги следат настаните откако полицијата употреби сила и солзавец против демонстрантите на неодамнешните демонстрации.
Новачка го опиша полициското однесување како „непотребно и непропорционално“.
„Така се третираат жените кои се борат за своите права во Полска“, рече Новачка.