Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата објави снимка од нападот во Загреб, има елементи на тероризам

(Видео) Полицијата објави снимка од нападот во Загреб, има елементи на тероризам

Хрватската полиција објави снимка од нападот во кој во понеделникот се случи на плоштадот Свети Марко во Загреб, за кој постојат сомнежи дека бил насочен кон премиерот Андреј Пленковиќ.

Како што пренесува „Вечерњи.хр“, директорот на полицијата Никола Милина и државниот обвинител од округот Загреб, Јурица Илиќ, денеска на прес-конференција зборувале за истрагата за кривичното дело, повеќекратен обид за убиство со елементи на тероризам.

Потесетување, 22-годишнeн напаѓач рани полицаец пред Владата и изврши самоубиство.

На конференцијата беше прикажано видео од нападот.

„Ние презентиравме дел од фактите. Полицијата спроведува обемна истрага уште од првиот ден. Потврдено е дека се работи за три сериозни обиди за убиство на полицајци кои биле пред плоштадот Свети Марко. Постојат елементи на тероризам“, рече Милина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија