Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата во Рочестер употреби бибер спреј против деветгодишно девојче

(Видео) Полицијата во Рочестер употреби бибер спреј против деветгодишно девојче
Dik 300x250 mk

На социјалните мрежи се појави видео од полицијата во Рочестер, на кое се гледа како полицајка става афро-американско девојче во автомобил, со лисици на рацете, додека тоа вознемирено вика дека го сака својот татко. Тогаш полицајката се заканува дека ќе ја испрска со бибер спреј.

По лавината коментари на социјалните мрежи, полицијата објави дека девојчето било суицидно и дека се заканувало дека ќе ја убие својата мајка.

Според локалниот весник „Демократ и хроника“, полицијата била повикана поради „семејни проблеми“ кои вклучуваат и потенцијални кражби на возила. Тогаш им се обратиле родителите на девојчето, кои рекле дека се плашат малолетничката да не се повреди себеси и другите. За девојчето се вели дека побегнало од дома пред да биде приведено во блиската улица.

Полицијата изјавила дека малолетничката се вознемирила и почнала да ги удира полицајците кога ги видела нејзините родители. Потоа на девојчето му биле ставени лисици заради нејзината безбедност и по барање на нејзините родители, соопштила полицијата. Детето не соработувало и одбило да ги стави нозете во автомобилот, а припадниците на полицијата морале да реагираат, се додава во полицискиот извештај, пренесуваат „Раша Тудеј“ и „Спутник“.

Девојчето потоа било пренесено во болница, а подоцна се вратило кај семејството.

Во моментов полицијата го истражува инцидентот. На прес-конференција, заменик-началникот на полицијата во Рочестер, Андре Андерсон, рече дека девојчето „навестува дека сака да изврши самоубиство и да ја убие нејзината мајка“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп