Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Полицијата во Минск употреби ласери и светлечки гранати против демонстрантите

(Видео) Полицијата во Минск употреби ласери и светлечки гранати против демонстрантите
Img 7972

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС. Околу 500 лица, пред се млади, се собрале синоќа во Минкс на протести.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти. По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите во Белорусија соопштија дека на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко се уапсени околу 2.000 незадоволни граѓани. Министерството за внатрешни работи наведе дека е повреден 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина се хоспитализирани.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха