Утрински Весник
Свет

(Видео) Полициско убиство на уште еден Афроамериканец во САД

Тело на убиен мигрант пронајдено во Сараево

Ново полициско убиство на млад Афроамериканец се случи во САД, кога синоќа во Вашингтон беше убиен Дион Кеј (18).

Полицијата го објасни убиството со изјава дека тој наводно се заканувал со огнено оружје.

Овој последен случај на полициско убиство на Афроамериканец предизвика протести низ САД, но и ново преиспитување на полициските тактики.

Според АП, голем број револтирани граѓани се собрале синоќа пред полициската станица во југоисточен Вашингтон, а малку подоцна демонстрантите се судриле со припадниците на безбедносните сили.

Последователен, проширен полициски извештај вели дека 18-годишниот Кеј бил идентификуван како лице кое побегнало кога му пришла полицијата, која истражувала наводи за вооружен млад човек виден во една населба во југоисточен Вашингтон.

„За време на потерата по бегалците, еден осомничен мавташе со пиштол, па еден од полицајците испука истрел кој го погоди Дион Кеј“, се вели во соопштението на полицијата од Вашингтон.

Кеј бил пренесен во најблиската болница, каде набргу било утврдено дека се здобил со повреда.

Локалниот огранок на организацијата „Црните животи вредат“ ги повика граѓаните да протестираат веднаш, а видеата што подоцна беа објавени на социјалните мрежи покажаа дека полицајците поставуваат велосипеди како бариера против огорчените и лути граѓани од американската престолнина.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија