Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во фабрика за преработка на риби во Хрватска

(Видео) Пожар во фабрика за преработка на риби во Хрватска

Утрово избувнал пожар во фабрика за преработка на риба во Кастел Нови, а во моментот на пожарот во фабриката немало никој, бидејќи работното време им започнува во 7 часот.

Пожарникарите соопштија дека ситуацијата е доста сериозна затоа што се создава густ чад, што ја отежнува нивната работа, пренесува Далматински портал.

На теренот има педесетина пожарникари со околу десет возила.

Според првичните информации, пожарот се проширил во делот на фабриката кадешто се наоѓа ладилникот и којшто неодамна бил реновиран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести