Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во Словенија кој се прошири од Италија, се евакуираат селата

Над триста словенечки пожарникари гаснат нов пожар кој се прошири од Италија кон карстното подрачје, а во тек е евакуација на населението од неколку села, а на местото излегоа и министерот за одбрана Маријан Шарец и командантот за цивилна заштита Сречко Шестан, пренесуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пожарот се проширил од италијанска страна кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух, во кои учествувале три словенечки и два италијански хеликоптери.

Загрозени се неколку населби од каде што се евакуира населението, соопшти попладнево Регионалниот штаб за цивилна заштита на покраината Приморје.

Најтешка е состојбата во општина Добердоб, која се наоѓа веднаш до словенечко-италијанската граница, јавуваат медиумите.

„Сега е клучно да се спасат населените места. Една населба е веќе евакуирана. Силниот ветер многу брзо се шири. Армијата и полицијата го гаснат пожарот од воздух, а чадот го отежна гаснењето“, објави на социјалните мрежи, министерот за одбрана, Маријан Шарец.

Можете да прочитате

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров