Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Пожар во зграда во Њујорк, повредени над 50 лица

(Видео) Пожар во зграда во Њујорк, повредени над 50 лица
Img 7972

Во голем пожар што изби во Њујорк повредени најмалку 54 лица, од кои 31 се со повреди опасни по живот, јави „Еј-би-си њуз“.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, го опиша пожарот во Бронкс како еден од најстрашните во историјата на градот.

„Ова ќе биде еден од најстрашните пожари што сме ги виделе овде во поново време во градот Њујорк“, изјави Адамс.

Според градските власти, пожарот избувнал на третиот кат од 19-катница лоцирана во Бронкс.

Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот.

Многу од повредените биле на горните катови во моментот кога избувнал огнот, велат официјални лица, додавајќи дека жртвите дишеле чад. На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници, додаваат од њујоршката противпожарна служба.

Драматичните снимки кои можат да се видат на социјалните мрежи покажуваат како пожарот избива од прозорците на становите, а пожарникарите почнале да добиваат повици нешто пред 11 часот по локално време од жителите на горните катови.

Пожарот во меѓувреме е локализиран.

Дополнителни детали, вклучително и состојбата на повредените, засега не се достапни, соопшти ABC News.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа