Утрински Весник
Свет

(Видео) Под автомобилот на босански министер пронајдена непозната направа

(Видео) Под автомобилот на босански министер пронајдена непозната направа

Непозната направа е пронајдена под автомобилот на Сојузниот министер за енергетика, рударство и индустрија на БиХ, Нермин Ѓиндиќ, пренесуваат босанските медиуми.

Оваа информација за „Аваз“ ја потврди министерот Ѓиндиќ.

Федералната полициска администрација истражува кој и зошто го поставил непознатиот уред, а овој портал добил снимки од видео надѕор.

Имено, според часовникот од камерата, непознат маж со качулка на главата и маска на лицето го поставил уредот утрово во 3.40 часот. Видеото покажува маскирано лице како се прикрадува околу возилото и под него става непознат предмет, кој ќе биде испратен на вештачење.

Откако го поставил уредот, човекот се оддалечил од местото на настанот.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен