Утрински Весник
Свет

(Видео) Погребна литургија во соборната црква во Белград за патријархот Иринеј, неговото тело затворено со стакло

(Видео) Погребна литургија во соборната црква во Белград за патријархот Иринеј, неговото тело затворено со стакло

Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија. Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло.

Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије.

Верниците можеа да му оддадат почит на патријархот.

По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во храмот „Свети Сава“ во Врачар. Патријархот ќе биде погребан утре во криптата на храмот „Свети Сава“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија