Утрински Весник
Свет

(Видео) Повеќе од 30 загинати во израелските воздушни напади врз Источна Сирија

(Видео) Повеќе од 30 загинати во израелските воздушни напади врз Источна Сирија

Најмалку 31 лице загина во воздушните напади извршени од Израел во Источна Сирија, објави во телевизискиот канал „Ал Арабија“ повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Лондон.

Претходните извештаи велат дека загинале 23 лица.

Според невладината организација, израелските одбранбени сили рано утринава извршиле серија воздушни напади врз складишта за оружје и позиции на сириската војска во предградијата на Деир ез-Зор и Ал-Букамал во близина на сириско-ирачката граница.

Прес-службата на Израелските одбранбени сили одби да ги коментира извештаите за воздушни напади во источна Сирија.

Сирија често е цел на напади за кои се смета дека се резултат на израелските воени операции кои се спротивставуваат на иранското воено присуство во соседната арапска република – нешто што Дамаск го осудува како повреда на сирискиот суверенитет.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел го нападнал седиштето на воздухопловните сили на Иранската гарда

Стотици бродови заглавени во близина на Ормутскиот теснец, Дубаи има свежа храна за 10 дена

Трамп: Иранците се луди, да имаа нуклеарки ќе ги употребеа до сега