Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петров: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје

(Видео) Петров: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје

Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Во таа насока, додаде тој, институциите, здравствената стручна јавност, подготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес.

„Протоколите предвидуваат дека граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето. Просториите во кои се гласа ќе бидат редовно проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање“, кажа Петров.

Со строгото почитување на овие протоколи, истакна тој, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно и за нив и за останатите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина