Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петровска: Мицкоски да излезе и да одговори за скандалот во Германија, со кој се поврзува и ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Петровска: Мицкоски да излезе и да одговори за скандалот во Германија, со кој се поврзува и ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Тобијас Цех, поднесе оставка откако угледни германски медиуми објавија дека од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, наплатил околу 50.000 евра за консултантски услуги, рече на денешната прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори: Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени? Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница? Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија“, запраша Петровска која додаде дека овој, како што рече, скандал заслужува и институционално внимание од наделжните органи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”