Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Пендаровски-Радев: Потребно е да направиме обнова на довербата

(Видео) Пендаровски-Радев: Потребно е да направиме обнова на довербата
300x250 opst2

Претседателот Стево Пендаровски денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што двајцата остварија куса тет-а-тет средба.

„Оперативно разговорите помеѓу двете наши земји ги водат владите, така ќе биде и понматаму, ние сме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата и да говориме за проблемот кој постои последнава година на еден поинаков јазик. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме и за најтешките прашања“, рече претседателот Пендаровски по средбата со неговиот бугарски колега.

На средбата на која се разговараше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете држави, двајцата претседатели изразиле цврста определба за зајакнување на добрососедските односи и унапредување на политичкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Претседателот Пендаровски истакна дека формалниот почеток на пристапните преговори за членство на нашата држава во Европската Унија и одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија позитивно ќе влијае за стабилноста и просперитетот на целиот регион и изрази очекување за поддршка од Република Бугарија, во пресрет на одржувањето на јунскиот Совет на ЕУ.

Заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим на македонска и бугарска делегација, предводени од шефовите на државите, претседателите Пендаровски и Радев го оценија како позитивен чекор кој придонесува за јакнење на добрососедските односи и меѓусебната доверба на двете држави и двата народа.

По средбата одржана на Меѓународниот аеродром Скопје, двајцата претседатели со државниот авион на Република Бугарија отпатуваа за Рим, каде што заеднички ќе оддадат почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, информираа од кабинетот на претседателот.

Можете да прочитате

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

Маж од тетовско го нападнал сопствениот брат пред џамија поради долг

ВЛЕН: Ниту една “експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево