Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: Полигонот за вежби „Криволак“ е еден од нашите ресурси кои можеме да ги понудиме на НАТО

(Видео) Пендаровски: Полигонот за вежби „Криволак“ е еден од нашите ресурси кои можеме да ги понудиме на НАТО

Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски ги посети припадниците на Армијата во Армискиот полигон „Криволак“. Истовремено, Пендаровски изврши обиколка на инженерската единица која изведува инженерски работи во рамки на проектот за уредување на полигонот.

Одговорните команданти го информираа претседателот Пендаровски дека почнувајќи од пред 2 месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, реализираат проекти за поправка на постојната патна инфраструктура, како и за обележување и пробивање на траси за нови патни правци.

Исто така, одговорните на полигонот го информираа претседателот Пендаровски за тековните, како и за идните планирани активности во насока на инфраструктурно подобрување на „Криволак“ со систем обиколница и внатрешно поврзување со вкупна должина од околу 74км со подготовка за воспоставување на влезови на полигонот од север, запад и од исток. Со новата инфраструктура, како што истакнаа претставниците на инженерскиот баталјон, ќе се зголеми мобилноста во рамки на полигонот, како и капацитетот за изведување на вежби, на ранг на други развиени земји.

Како 30-та земја членка на НАТО, Северна Македонија, како што рече претседателот Пендаровски, има што да понуди на своите сојузници во Алијансата.

„Полигонот за вежби „Криволак“, во кој изминатиов период се вложува многу, со цел да се модернизира армискиот полигон е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО“, додаде претседателот Пендаровски.

При посетата на Армискиот полигон „Криволак“, претседателот Пендаровски беше информиран и за претстојната вежба „Одлучен удар 21“, како и за интензивната соработка на нашата Армија со Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД. Во рамки на таа соработка е и донацијата на материјали за изградба и поправка на патната инфраструктура на полигонот „Криволак”. Ова, како што истакна претседателот Пендаровски, е директна придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО и соработката со САД, како еден од нашите најголеми стратешки партнери.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Македонија со најниска просечна плата во регионот